Кога ќе видиш светлина. Кога ќе те привлече. Кога ќе препознаеш во некој од божественото. Нешто свето во човек. Те повикува.
Поклони се.
Не поправај. Не освојувај. Не покорувај. Не присвојувај. Не играј игри.
Поклони се.
Чичко Љупчо од продавничката го мери кафето прво, па го става во машината што бучи многу додека мели, и ја чука мелницата од страна јако да се наполни хартиената кеса. Гласно е и мајсторски. Премерува обавезно. Мала сум и кесата ми е топла во рацете и светот мириса на кафе.
Потсетување дека кога жена ќе ви прати нудиња тоа е света посветена доверба дека сте пристоен човек што нема да ѝ го сјебе животот. И многу е тапа да се предаде таа доверба 🙏 па немојте плус затоа што нудиња се благослов🤍
Потсетување дека тоа што се радувате кога синовите го брцаат курот во жени, а се нервирате што некој го брца курето во ќерките ваши нема врска со количината љубов што ја носите за децата туку мислењето дека жена има вредност во невиност и дека вреди помалку ако е ебена
Вчера си мислев. Ако 25 луѓе треба да пријавиш и затвориш улица во име на протест. Со 125 можеш секој ден да затвораш пет големи улици во центар. И да го пра��иш центарот пешачка зона секој ден со едно еколошко здружение.
Сите жени се тешки да ги задоволиш сексуално во свет што учи дека сексуалност е курот да влегува и излегува што подолго време макар и мислел на баба му
Оној омилен вкус, на дното на шопска, тој сок од салатата помешан со трошките сирење. За мацкање порно. Не можеш да го добиеш со цедење патлиџан, рендање сирење, зачинување со масло и сол. Не е сѐ до состојките на светов, има нешто и во начините на кои се спојуваме.
Потсетување дека жени не се силувани затоа што се посакувани. Силување е насилен чин, не сексуален чин. Сторителот сака да ги повреди, да им го одземе достоинството, и не гледа жена, туку злоупотребува човек за своите *насилни* пориви.
Може ли сите овие цајканчиња што казнуваат за неносење маски на отворено, кога ќе заврши пандемијата да се распоредат по пикник места и паркови да казнуваат за несовесно фрлање ѓубре?
Драги луѓе што не сакаат журки на 20 години. Не сте сами. Нѐ има многу. Нека не ве убедува естаблишментот дека мора да сакате журки. Ок е и да си седите по дома или со некој на клупа, кино е убава опција, нетфликс боља. Правда за досадните!
Моето „Да” пред 11 години е различно од ова денес што го давам. Не е истиот човек овој со мене денес, има прераснато во некој што не сум ни можела да го замислам, не сум мислела дека би можела да го заслужам. И јас сум нешто многу повеќе од што замислував дека можам да бидам.
Пред 12 години сите ми збореа дека нема да издржам на страна, во село, без луѓе, без градот. Во тие 12 години само поубаво ми има станато да сум на страна и само понапорен градот.
Ти давам дозвола, жено. Да ти е влакнесто телото, да ти се познава линијата на гаќите под облеката, да ти се гледа целулитот кога седиш во купачи, фалтите на стомакот и под брадата ти ги дозволувам. Ти дозволувам да се ебеш со кој сакаш, и ако не сакаш со никој е океј.
Почитувајте жени и научете ги синовите да почитуваат жени. Не само одредени жени, не само одбрани жени, не само заслужни жени, сите жени. Основна почит за жени како луѓе, со свои маани, глупи навики, различности и животи, што заслужуваат обзир.
Пајдушко е еден од најубавите македонски традиции, онаа чистата возбуда што луѓе кое го знаат ја имаат за да играат на свадба, со самодоверба се редат на оро, ја гледаш тетката топчеста на штиклички скока рипа сериозно ја сфатила работата, високиот чичко мавта салфетка прв води.
Дај да не романтизираме самоснаоѓање. Само затоа што сме носеле терет и нѐ направил посилни не значи дека светот така треба да функционира. Кога можеме да се грижиме едни за други. Заедно да го градиме светот и сето.
Брат ми излезе од болница и душата ми воздивна. Не сакам побрзо да се вакцинираме сите само за да се гушнеме. Сакам ниедно срце да не мора да се држи во грч од страв.
Ако сметате дека жена не смее да се појавува пред луѓе несредена, значи жена ви има декоративна улога во светов. И ако не ја исполнува таа улога треба да се скрие некаде.
Боже некој ја презира Ана што кажа дека се труди да не генерира ѓубре и да ја зачувува колку може околината со етички пракси на домаќинство. Се фалела. Се правела важна. Боља од нив. Па боља е бре будали искомплексирани. Секој чин ѝ е свесен труд бре, иди таму мајка ти да те пере
Глупо е да се плаќа преку мобилна мрежа со поскапо возење во јавен превоз ако платиш со мобилен. Треба да можеш да имаш апликација со сметка која ја надополнуваш со попуст што не користиш пластика која се губи и обновува, а дозволува уредно да користиш услуга и плаќаш редовно.
Збори ми за светоста на традиционалните бракови во земја со нормализирано семејно насилство, пракса на купување малолетни невести, и сеуште језива статистика на млади девојки од села што не ги праќаат во школо. На тоа додај епидемија на швалерај, и масовна зависност од дијазепам.
Ги уапсиле. Сега може сите да бидете доблесни и да го избришете видеото или да продолжите да учествувате во овој насилен циклус каде продолжува да се гази достоинството на една жена.
Потсетување и дека не мора да си супер успешна, паметна, снаодлива, мултитаскерка, секс богиња за да имаш вредност како жена. Твојата вредност не се наоѓа во споредба со тоа други жени колку можат и имаат.
Сепак дома е најбоље место за искачање, за мене. Евтини пијачки, храна во изобилие, не се чека ред за тоалет, не мора маска да носиш ниту сертификат, топло е има куче и маче да си бираш што сакаш да галиш и секс е лесно достапен како и грицки со филмче
Бидување возрасен човек е преземање одговорност за тоа како се чувствуваме и наместо на другиот да треба да му „текне” треба да знаеме да изразиме како се чувствуваме и зошто. Ретко делам совети, ама одма, веднаш, откажете се од надежи дека луѓе треба да ви ги читаат мислите.
Викаш не ти се пофалила ниедна жена која имала абортус? Не се фалела дека поминала низ интимно, емоционално искуство, често многу осудувано од нашето општество носејќи одлука која не може да биде лесна? Се прашувам зошто.
Интимната сексуалност нема врска со привлечноста на физичкото тело, дури и да започнала енергијата така. Кога делиме интимна енергија, не штрчат недостатоците, се спојуваат и омекнуваат сите аспекти.
Крајно е страв дека нешто ќе биде расипано во неа, наместо да се гледа како природен нагон и развој. Кажува дека вредноста на жена не се става во постигнувања или мислења, туку сексуалност. Тоа е културолошки патријархален феномен, а не факт на природата.
Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од детската клиника. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот.
Во сметаат пупки да се познаваат преку маичка. Ви сметаат дебели бутини во фустанче. Значи стварно сте мали деца на интернет не знам зошто мајка ви го плаќа сеуште
Дечково е само јавна слика на тоа што сме ако народ. Живееме во земја каде редовно некој гине на пешачки, полиција работи во служба на тие со пари и казнува само сиромаштија, и не можеш да бидеш популарен ако си добар човек, затоа што сме деца на корупција и цинизам.
Директно решив пред неколку години да не учествувам во чинот на јавно срамење луѓе. Не цитирам, не враќам, не објавувам кога некој ме напаѓа или замара. Ми има донесено душевен мир, ми го има наполнето личното опкружување со прекрасни луѓе. Ме има сменето како човек, на подобро.
Плус има тука доза страв дека има нешто расипано во вас како мажи, што го пренесувате кога имате односи, дека е тоа нешто прљаво и не чини. Тоа стварно треба на терапија да си го испитате. Групно. Колективно. Глобално. Лечете се, озбилно.
И дечки ако 500 евра плата/хонорар ти делува бедно рачунај живееш подобро од повеќето во земјава 🙏 ако можеш да си дозволиш да живееш без ниски примања додека чекаш повисоки, тоа е додатна привилегија што ја имаш. Повеќето живеат со помалку. Живееме во многу сиромашна земја.